Чавков-Безбедносната состојба е стабилна

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков изјави денеска дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна, иако според него, постојат одредени сознанија дека поединци или групи ќе посегнат кон одредени напади во знак на одмазда за акцијата на полицијата во Куманово.

Тој за време на министерскиот состанок на МАРРИ во Скопје нагласи и дека тие сознанија иницираат на можности од асиметрични закани на поединци или групи. На маргините на состанокот Чавков разговараше со неговиот косовски колега Скендер Хисени.