Обвинувања за турската влада за насилството во земјата

Полицијата на местото на судирите во Дијарберкир.

Лидер на прокурдската Демократска партија на народите Селатин Демираш ги обвини турските власти дека намерно не преземаат мерки против насилството во југоисточниот дел на земјата. Според него, премиерот и претседателот молчат со цел да го поткопаат успехот на неговата партија на изборите во неделата. Три лица вчера загинаа во судирите во Дијарберкир, откако беше убиен раководител на исламска хуманитарна организација.