Путин во посета на Италија

Рускиот претседател Владимир Путин ќе престојува во ретка посета на една западноевропска земја. Денешните разговори со италијанскиот премиер Матео Ренци доаѓаат на само две недели пред очекуваното проширување на економските санкции врз Москва поради нејзината инволвираност во украинската криза. Путин и Ренци ќе се сретнат во Милано каде што се одржува светската изложба ЕКСПО 2015. Рускиот претседател ќе има прием и во Ватикан.