Русија ја укина забраната за растителни продукти од Македонија

„Руската федерална служба за ветеринарство и фито санитарна контрола ја преразгледа одлуката за забрана на увоз на растителни продукти од Македонија“, изјави заменик шефот на оваа служба Алексеј Алексиенко по преговорите со македонски претставници во Москва. „Претходно бевме загрижени за обидите на криминални групи да користат фалсификувани сертификати од Македонија“, рече тој, додавајќи: „Ги укинавме сите рестрикции. Добредојдени се сите количества произведени на територијата на Македонија“. Алексиенко најави дека е планирана инспекција и на македонските фарми кои сакаат да извезуваат во Русија.