ЕК-Набрзо договор меѓу кредиторите и Грција

Заменик претседателот на ЕК задолжен за еврото и социјален дијалог Владис Домбровскис изјави денеска дека Атина и кредиторите може да постигнат договор за реформи во „следните денови“ со што ќе се одблокираат финансиски средства за помош на државата. Тој за време на прес конференцијата во Европскиот парламент нагласи и дека да се случи тоа неопходна е политичка волја од страна на грчките власти. Според него, освен тоа, потребно е и помало тактизирање, маневри и повеќе работа за исполнување на обврските.