Смртна казна за 11 лица за немирите во Порт Саид

Немирите на стадионот во Порт Саид

Египетскиот суд осуди на смртна казна 11 луѓе поврзани со немирите на фудбалскиот натпревар во градот Порт Саид во 2012 година при кој загинаа повеќе од 70 луѓе, а стотина беа повредени. Судот по втор донесува одлука за случајот откако осудените се жалеа по првиот процес во мај 2013 година. Судот осуди уште 43 лица до 15 години затвор кои учествуваа во немирите. Осудените може да се жалат на нивната пресуда.