Експлозија во складиште за гориво во Украина

Експлозијата во Василкив.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека тројца пожарникари се исчезнати по пожарот во складиште за гориво кој предизвикал силна експлозија. Најмалку шеснаесет танкери биле зафатени од пожарот во близина на Василкив, кој се наоѓа на 30 километри од Киев. Повеќе од 300 пожарникари биле мобилизирани, а најмалку шест работници завршиле во болница.