ОН со мировен договор во Либија

Преговарачите на Обединетите нации им предале на завојуваните стани во Либија предлог договор за формирање влада на национално единство во обид да спречат распад на оваа северно африканска држава. Западните претставници сметаат дека разговорите во Мароко се единствената надеж за запирање на борбите меѓу двете ривалски влади и нивните армии до кои дојде по уривањето на режимот на Муамер Гадафи во 2011 година. Состојбата во Либија ја загрижува Европската унија, бидејќи тамошниот хаос се користи од разни криминални групи за шверц на луѓе преку Медитеранот.