Белгија-Притворени 16 осомничени за тероризам

Полицијата во Белгија соопшти дека притворила 16 луѓе за време на рациите чија цел биле етнички Чеченци, кои биле припадници на две исламистички екстремистички организации. Обвинителството соопшти дека 21 рација била извршена низ неколку градови во земјата. Според обвинителството, осомничените биле тренирани во Чеченија, Сирија и Авганистан. Едната група од притворените е осомничена дека подготвувала терористички напад во Белгија. Притворените се осомничени и дека регрутирале луѓе да се борат за терористичката организација Исламска држава во Сирија.