Меркел-Нема многу време за Грција и кредиторите

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека „нема уште многу време“ за постигнување договор меѓу Грција и нејзините кредитори. Според Меркел, сега се брои секој ден за да се сработи она што мора да се направи. Таа на завршната прес-конференција на Самитот на Г7 во германскиот град Крин порача и дека преговорите со Грција биле една од темите за кои разговарале. Таа нагласи и дека в среда на маргините на Самитот ЕУ-Латинска Америка во Брисел ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас.