Над 40.000 сепаратисти и руски војници во источна Украина

Украинскиот министер за одбрана Степан Полторак

Украинскиот министер за одбрана Степан Полторак изјави дека 42 500 сепаратисти и руски војници се стационирани во источниот дел на земјата, каде владините сили се борат со проруските бунтовници од април 2014 година. Според него, тие имаат 558 тенкови, борбени возила и друго оружје. Украинскиот претседател Петро Порошенко претходно изјави дека повеќе од 9000 руски војници се наоѓаат на украинска територија.