Откриена голема група бегалци во Македонија

Полицијата во Велес, од возот на релација меѓу Гевгелија и Скопје, како што јавуваат медиумите во Македонија, синоќа на железничката станица во Велес запрела околу 200 емигранти, претежно Сиријци. Станува збор главно за млади луѓе од 18 до 30 години. Тие се препраќаат до Регионалниот центар „Југ“ во Кавадарци кој е надлежен за обезбедување на јужната граница. Но, и покрај нивното враќање до грчката граница, емигрантите секојдневно влегуваат во Македонија и бараат начин преку Србија да заминат во западна Европа. Инаку, вчера во близина на Велес се преврте комбе кое превезувало емигранти, а до сега околу 30 имигранти загинаа движејќи се по пругите.