Времето денеска: малку до умерено облачно

Во Македонија времето ќе биде со мала до умерена облачност со сончеви периоди и со слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Попладне во западните и југозападните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со повремен пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната од 25 до 30 степени. Во Скопје претпладне ќе биде малку до умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Утринската температура ќе биде 12, а дневната ќе достигне до 30 степени.