Инцидент на изборите во Турција

Најмалку 15 лица се повредени денеска при тепачка на активисти на две ривалски партии пред едно избирачко место во турската провинција Шанљурфа, во близина на границата со Сирија, јави ТАСС. Расправијата меѓу активистите на двете партии почнала во просториите на гласачкото место, по што прераснала во физичка пресметка надвор од објектот. При тепачката биле користени палки, камења и ножеви, а некои од активисите имале и пиштоли. Сите повредени се пренесени во болница, каде е констатирано дека се вон животна опасност. Во Турција денеска се одржуваат парламентарни избори, кои аналитичарите ги оценуваат како најнеизвесни во последнава деценија.