Обама: Г7 да ја дискутира руската агресија врз Украина

Американскиот претседател Барак Обама пред Групата седум (Г7) на самитот изјави дека на средбата ќе се разгледа спротиставувањето на руската „агресија“ во Украина, потребата од креирање рабони места, акција за борба против климатските промени и предизвиците кои произлегуваат од исламскиот екстремизам. Одно од прашањата што ќе го дискутираат лидерите на Г7 за време на дводневниот самит ќе биде „спротиставувањето на руската агресија во Украина“, рече денеска Обама откако беше пречекан од германската канцеларка Ангела Меркел во близина на местото на самитот во градот Шлос Елмау во јужна Германија. Групата на Г7 е составена од Германија, Британија, Франција, Италија, Јапонија, Канада и САД. Русија минатата година беше исклучена од групата претходно позната како Г8, откако Москва го анектираше Крим од Украина. Во пресрет на самитот, илјадници демонстранти се собраа во градот Гармиш-Партенкирхен, предизвикувајќи неколку судири со полицијата. Неколку повредени лица биле однесени во болница.