Воздушни напади на Саудиска Арабија врз Јемен

Официјалните претставници соопштија дека при серијата воздушни напади извршени од колицијата предводена од Саудиска Арабија било таргетирано седише на вооружените сили на Јемен и други воени кампови во градот Сана, кој е под контрола на бунтовниците. Ројтерс објави дека при денешните воздушни напади загинале најмалку 20 војници, кои се собрале пред седиштето на армијата за да ги подигнат нивните плати. Властите на Јемен соопштија дека армиската зграда е оштетена, како и неколку околни станбени згради. Бунтовниците Хути и нивните армиски сојузници вчера испалија проектил „Скад“ во Саудиска Арабија, за кој кралството соопшти дека го собориле. Колацијата на 26 март започна со воздушните напади против шиитските бунтовници поддржани од Иран, познати како Хути и нивните сојузници во воените и безбедносните сили. Бунтовниците ја преземаа Сана во сепември 2014 година, а подоцна преземаа и голем дел северен Јемен и во март напреднаа кон југот на земјата.