Неизвесни парламентарни избори во Турција

Турците денеска гласаат на најтесните парламентарни избори во земјата по повеќе од една деценија. Изборите ќе утврдат дали владеачката Партија на правдата и развојот (АКП) основана од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган, може да освои мнозинство и со тоа да го промени уставот на земјата и да ја зголеми моќта на Ердоган. Освојувањето на мнозинството може да зависи од про-курдската Демократска партија на народот (ХДП) која треба да ја надминат пречката од 10 процемнти потребна за влез во турскиот парламент. Анкетите на јавното мислење ја ставија партијата околу тоа ниво. На нивниот изборен митинг на 5 јуни во Дијарбакир се случија експлозии при што пет луѓе загинаа, а 200 беа повредени. Властите соопштија дека станува збор за импровизирани бомби. Ердоган во телевизиско интервју изјави дека нападот претставува обид да се засенат изборите. Неколку илјади луѓе одржаа протест на 5 јуни на местото на нападот мавтајќи со знамиња на (ХДП), извикувајќи дека (АКП) ќе бидат повикани на одговорност.