Папата Франциско ги повика Босанците да работат за мир и соживот

Папата Франциско ги повика муслиманите, православните и католиците во Босна и Херцеговина да ги стават „длабоките рани“ зад себе во нивното минато и заедно да работат за мирна иднина. Тој денеска пристигна во Сараево на еднодневна посета за да го охрабри помирувањето што следеше по војната од 1992 до 1995 година. Франциско беше пречекан од илјадници Босанци кои беа наредени на патот каде ја минуваше рутата со неговиот автомобил по пристигнувањето на аеродромот.

Во говорот до тричленото претседателсво во Босна, Франциско ги повика Босанците да се спротивстават на „варварството“ на оние кои сакаат да продолжи сеидбата на поделбата, како изговор за „натамошно неописливо насилство“. Папата ги повика Босанците да продолжат да работат за мир и соживот преку трпелив дијалог. „Ова ќе овозможи различни гласови да се обединат во создавањето на мелодија на возвишена благородност и убавина, наместо на фанатичниот плач на омраза“, рече тој. Франциско потоа се упати кон олимпискиот стадион во Сараево на отворена миса, во присуство на околу 65 илјади луѓе, повеќето од нив католици.