„Од 5 мај до крај“- порачаа демонстрантите

Неколку стотина луѓе денеска повторно се собраа на протести против Владата од која бараат оставка и одговорност. Тие протестите ги започнаа на крстосницата пред македонската Влада извикувајќи „Нема правда, нема мир“, „Долу диктатурата“, „Николче диктаторче“. Потоа демонстрантите се упатија до Министерството за правда, а следна дестинација ќе им биде библиотеката Браќа Миладиновци. Демонстрантите во првите редови носат голем транспарент на кој пишува „Од 5 мај до крај“. Денешните протести се одржуваат по еден месец од насилните судири пред македонската Влада по кои беа уапсени неколку демонстранти.