Семејството Нешкоски поднесе кривични пријави

Протестите во 2011 година по смртта на Мартин Нешкмоски.

Семејството на Мартин Нешкоски денеска во Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, против Дејан Митревски, познат како Урко и против премиерот Никола Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. За утре се најавени и протести пред македонската Влада под паролата „Убиство кое не смее да остане во тајност“, на кои ќе се одблежат и четири години од смртта на Нешкоски.