Романскиот претседател бара оставка од премиерот

Романскиот претседател Клаус Јоханис

Романскиот претседател Клаус Јоханис го повика премиерот Виктор Понта да поднесе оставка, откако обвинителството отвори истрага против него за корупција. Националната антикорупциска дирекција соопшти дека Понта е осомничен за перење пари, конфликт на интерес, затајување данок и фалсификување. Според нив, Понта е осомничен дека добил 63 илјади евра од адвокатска компанија за фиктивна правна услуга меѓу 2007 и 2008 година. Парите премиерот, како што наведуваат од дирекцијата, ги искористил за да купи два луксузни стана во Букурешт.