Кинези украле податоци на 4 милиони службеници во САД

Американската администрација соопшти дека открила грабеж на лични податоци на четири милиони службеници во Соединетите држави. Весникот Вашингтон пост пишува дека упадот во компјутерскиот систем бил изведен во април годинава од страна на кинески хакери. Федералното истражно биро во краткото соопштение наведе дека случајот се истражува.