Обвинителен акт за Заев за примање поткуп

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Обвинителството за организиран криминал и корупција до Кривичниот суд во Скопје поднел обвинителен акт за лидерот на СДСМ, Зоран Заев за примање поткуп. Заев се товари дека од струмички бизнисмен побарал 200 илјади евра мито за продажба на државно земјиште.

МВР ја најави кривичната пријава за Заев на 10 март за време на одржувањето на собирот на опозицијата во Универзалната сала каде беа објавени прислушувани разговори од таканаречените бомби на СДСМ. Заев тврди дека власта сакала преку струмичкиот бизнисмен да го намести за делото. Тој е обвинет и во случајот „Пуч“ за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.