Путин ќе се сретне со папата

Рускиот претседател Владимир Путин.

Ватикан соопшти дека папата Франциско ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин наредната среда на 10 јуни. Тоа ќе биде првата посета на Путин на Ватикан од кризата во Украина, која започна пред една година. Путин во ноември 2013 година за последен пат беше во посета на Ватикан пред руската анексија на Крим и пред конфликтот во источна Украина кој ги наруши односите на Русија со западот.