Русија за борбите ја обвинува Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Русија го обвини Киев за зголемување на тензиите во источна Украина по засилените борби меѓу владините сили и проруските бунтовници. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека Украина и во минатото преземала такви чекори за време на големи меѓународни настани и дека тие се сериозно загрижени за ситуацијата. Лидерите на земјите членки на Г7 треба утре да се сретнат во Германија, а самитот на ЕУ е закажан подоцна во овој месец. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека примирјето е под постојана закана од Украина.