Експлозија во Гана, 73 жртви

Властите во Гана соопштија дека во експлозија на бензинска пумпа во западниот дел на главниот град загинале најмалку 73 луѓе. Според извештаите, многу од жртвите се засолниле во бензинската пумпа поради поројните дождови. Спасувачките тимови се уште трагаат по телата на жртвите од местото на настанот. Според нив, причината за експлозијата бил пожарот кој избил во еден терминал за камиони па потоа се проширил и на бензинската пумпа.