Германија протера руски шпион

Германија протера лице обвинето дека шпионирало за Москва уште пред падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Сојузното обвинителство соопшти дека станува збор за Андреас Аншлаг кој бил пуштен од затвор вчера и депортиран за Русија. Лани од затвор беше пуштена неговата сопруга. Тие се претставувале како Австријци кои од Јужна Америка се доселиле во Германија. По нивното апсење во 2011 година беа осудени за предавање тајни документи на Европската унија и НАТО до Руската разузнавачка служба.