Џон Кери на физикална терапија

Американскиот државен секретар Џон Кери започнал физикална терапија по операцијата на ногата која ја скршил возејќи велосипед во Швајцарија. Стејт департментот соопшти дека 71 годишниот Кери во Бостон имал четиричасовна операција на бутната коска. Портпаролот на Стејт департментот Мери Харф изјави дека се уште не се знае кога Кери ќе ја напушти болницата и кога повторно ќе ги преземе своите должности.