Разликите меѓу Грција и ЕУ остануваат

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по разговорите во Брисел со претставници на Европската унија изјави дека договорот е на повидок и оти Атина ќе исплати дел од долгот до 5 јуни како што е предвидено. Европската комисија оцени дека бил направен напредок и оти разговорите ќе продолжат и денеска. Сепак, во исто време грчката влада соопшти дека и натаму отфрла да ги скрати пензиските бенефиции и да ги зголеми даноците како што бараат меѓународните кредитори за да ослободат уште една транша од спасувачкиот пакет за Грција.