Продолжуваат борбите во источна Украина

Нападите врз градот Марјинка во источна Украина.

Проруските бунтовници извршиле напад врз градот Марјинка во источна Украина. Според извештаите, некои делови од градот биле во пламен, откако бунтовниците ги нападнале позициите на владините сили, кои се уште ја имаат контролата врз Маријнка. Нападнат бил и градот Кросингоривка, кој се наоѓа во близина. Украинското министерство за одбрана претходно соопшти дека обидите на бунтовниците да напредуваат во борбите за контрола врз Марјинка биле спречени. Бунтовниците негираат дека започнале офанзива.