Московиси-Нема план Б за Грција

Еврокомесарот за економски прашања Пјер Московиси изјави денеска дека нема план Б за Грција и изрази надеж дека во наредните неколку дена ќе биде постигнат договор со земјата. Според него, нивната цел е посилна грчка економија во рамките на еврозоната. Тој порача и дека деноноќно работат на единствено решение за да и помогнат на земјата да надмине некои големи предизвици и тешкотии.