На собирот против ИД во Париз знаци на поделби во Ирак

Ирачките етнички и верски подели продолжуваат да ја поткопуваат војната против милитантите на Исламската држава. Ова беше потврдено на вчерашната конференција во Париз која заврши без конкретен договор за обединување на фронтот против милитантите. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, умерен шиитски муслиман, инсистираше дека неговите сили се подготвени да и се спротивстават на Исламската држава и ги обвини западните сојузници дека не даваат доволно помош. Од друга страна неговата влада беше критикувана од лидерите на курдските сили дека ги исклучил од конференцијата во Париз и покрај тоа што секојдневно се борат против милитантите.