Хан-Предвремени избори до април 2016

Еврокомесарот Јоханес Хан.

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска по средбата со партиските лидери во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје изјави дека на пат е постигнување договор за решавање на политичката криза во земјава. Тој најави нова средба за следната недела во Брисел. Според него, до крајот на април наредната година би требало да се одржат нови предвремени парламентарни избори и да се направат измени во изборниот законик и во избирачкиот список.

Хан замина од средбата, додека лидерите на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи се уште разговараат.