Русија најави испорака на ракетниот систем на Иран

Рускиот производител на оружје Алмаз Антеи соопшти дека ќе го снабди Иран со ракетниот одбранбен систем С-300 кога ќе биде постигнат комерцијален договор. Според компанијата која е во сопственост на државата, руските власти ги укинале сите забрани за испорака на системот. Москва ја забрани продажбата на ракетниот систем во 2010 година, но претседателот Владимир Путин во април потпиша декрет со која таа се укина. Таквиот чекор на Путин наиде на остра критика од САД и Израел.