Поддршка за планот на Ирак против ИД

Учесниците на конференцијата во Париз.

Меѓународните коалициони партнери кои се борат против Исламската држава ветија нивна цврста поддршка за планот на ирачките власти за совладување на екстремистичката група. Коалиционите партнери тоа го ветија во заедничкото соопштение по конференцијата во Париз на која учествуваа министри од 20 земји, меѓу кои САД, Иран и Сирија.

Според планот, ирачките власти се надеваат дека ќе ги мобилизираат сунитските племиња од покраината Анбар и ќе се осигураат дека припадниците на шиитската милиција ќе работат под надлежност на Багдад. Коалицијата исто така побара и на спроведување на брз и инклузивен политички процес во Сирија од страна на ОН.