Малезискиот авион соборен од постар ракетен систем

Остатоци од малезискиот авион во источна Украина.

Рускиот производител на ракетниот систем за воздушна одбрана Бук соопшти дека компанијата заклучила оти авионот на Малезијан Ерлајнс бил соборен од постара верзија на ракетниот систем. Советникот на генералниот директор на конзорциумот Алмаз-Антеи, Михаил Малишевски говорејќи на прес конференција во Москва изјави дека постарата верзија на ракетниот систем се уште се користи од страна на украинската војска, но повеќе не е дел од опремата на Русија.

Според него, анализата била направена врз основа на фотографиите од остатоците на авионот достапни во јавноста. Се уште не е јасно кој е виновен за соборување на авионот минатото лето во источна Украина, при што загинаа сите 298 патници.