Српскиот премиер Вучиќ во посета на САД

Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска ја почнува тридневната посета на Соединетите држави во текот на која ќе разговара, меѓу другите и со потпретседателот Џо Бајден, како и со заменик државниот секретар Ентони Блинкен. Се очекува главни теми на разговорите да бидат ситуацијата во регионот, дијалогот меѓу Белград и Приштина и енергетската стабилност. Вучиќ пред посетата изјави дека во Вашингтон ќе разговара и за можностите Србија да учествува во проектот Трансјадрански гасовод што го поддржуваат САД и ЕУ.