Од денеска до 10 јуни екстерно тестирање на учениците

Од денеска до 10 јуни ќе се спроведува екстерното тестирање за оваа учебна година кое ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. На prasanjaeksterno.dic.edu.mk беа објавени распоредите за екстерно тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година средно образование.