Јоханес Хан денеска во Скопје

Јоханес Хан

„Евро комесарот Јоханес Хан на состанокот со партиските лидери во Скопје ќе ја истакне итноста да се најде решение за надминување на сегашната криза што е можно побрзо и со заемна посветеност на клучните предизвици со кои се соочува земјата“. Вака вчера Маја Коцијанчич, портпаролот на еврокомесарот за разговори за проширување, ја најави неговата денешна посета на Македонија. Таа додаде дека не сака да шпекулира дали Хан доаѓа со некакви предлози за решавање на кризата. „Она што комесарот ќе го стори е потенцирање на потребата и итноста од наоѓање на решение за надминување на сегашната криза и во овој контекст треба да гледате и на неговата посета“, рече таа. Јоханес Хан ќе учествува на третата лидерска средба.