Украинскиот БДП помал за 9 насто

Меѓународниот монетарен фонд објави дека Украина, која економски е опустошена со конфликтот годинава ќе има пад на бруто домашниот производ од 9 насто. Априлската, а сега ревидирана проценка на ММФ за стопанските движења во Украина предвидуваше пад на БДП за пет ипол проценти. ММФ очекува инфлацијата во Украина да достигне 46 насто поради неповолниот курс на нејзината валута и поради поскапувањето на горивата.