Сенатот не постига договор за Патриотскиот акт

На американските антитеростички мерки со кои на тајните служби им се дозволува да собираат телефонски податоци им истече важноста откако Сенатот не успеа да постигне договор. Клучните одредби, познати како Патриотски акт истекоа на полноќ по вашингтонско време. Законот кој претходно беше усвоен во Претставничкиот дом не мина и во Сенатот откако сенаторот Ренд Пол, кој е републикански кандидат за претседател се спротивстави и најави дека ќе го блокира. Белата куќа ова го оцени како неодговорен пропуст од страна на Сенатот. Непостигнувањето договор значи дека Националната безбедносна агенција привремено ќе го загуби правото да собира телефонски податоци при следењето осомничени за тероризам.