Груевски: влада само преку избори

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски ја отфрли можноста за формирање преодна влада за излез од политичката криза во земјата. „Социјалдемократскиот сојуз треба да разбере дека избор на министри и влада се добива по спроведување на избори и преку поддршка од мнозинството од народот. Тоа е суштината на демократијата“, рече Груевски, додавајќи: „До тогаш нема да имаат можност ниту за министри во Владата, ниту за премиер, едноставно затоа што не ја добиле потребната доверба од мнозинството граѓани на земјата“. Во вторникот на специјална мисија за надминување на излез од кризата во Македонија доаѓа еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Тој се очекува да оствари средба со политичките лидери на земјата.