ОН со осуда за нападите со барел бомби во Сирија

Претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура

Претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура го осуди вчерашното убиството на 71 цивил од барел бомби фрлени од страна на владините хеликоптери во два напади во северната провинција Алепо во Сирија.

„Вестите за воздушните бомбардирања од страна на сириските хеликоптери на пазар, заслужува најсилна меѓународна осуда“, рече де Мистура.Според групите за човекови право во Сирија, во нападите исто така се повредени десетици луѓе.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад ги отфрли обвинувањата дека неговите сили употребувале барел бомби.