Кери повреден во велосипедска несреќа

Кери и Зариф.

Американскиот државен секретар Џон Кери се наоѓа во болница, но е во стабилна состојба, откако беше повреден во велосипедска несреќа во Франција.


Стејт департментот соопштува дека седумдесет и едногодишниот Кери со хеликопер бил пренесен во Женева каде се оценува неговата состојба. Понатаму се додава дека тој не ја изгубил свеста и дека има повреди на ногата. Несреќата се случила во Франција, во близина на француското алпско одморалиште Шамони.

Кери вчера во Женева се состана со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф на разговори за иранската нуклеарна програма.