Гани бара посериозни чекори од Пакистан против Талибанците

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани напишал писмо до пакистанските лидери со кое бара Исламабад да презеде посилна акција против талибанските милитанти.

Во писмо Гани бара пакистанските власти да преземат чекори со кои ќе се стави крај на засолништата на Талибанците во земјата, како и помош од Исламабад во борбата против нападите на милитантите во Авганистан.

Писмото на Гани, доаѓа во време на силни критики во јавноста за контроверзниот договор меѓу Авганистан и Пакистан за размената на разузнавачки информации. Разузнавачките агенции на двете земји се договорија да разменуваат разузнавачки информации и да ја интензивираат соработката во борбата против Талибанците.

Договорот го крена на нозе парламентот во Авганистан и многумина ја обвинија владата на Гани дека се продала на Пакистан.