Воздушни напади во Јемен

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија со воздушни напади погоди бунтовнички воени база во главниот град на Јемен, Сана, а борбите доведоа до жртви и на границата меѓу Саудиска Арабија и Јемен. Воздушните напади биле насочени кон воздухопловна база во близина на аеродромот во Сана, како и кон воена инсталација во близина на претседателската палата. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна со воздушни напади во Јемен во март во обид да се врати претседателот Абд Рабо Мансур Хади на власт.

Хади, кој е во егзил во Саудиска Арабија, побегна во ноември минатата година, откако Хути бунтовниците зазедоа поголем дел од Јемен. Обединетите нации соопштија дека повеќе од 1.870 луѓе се убиени, а околу 7.000 се повредени во борбите од март.