Опозициски марш против Скопје 2014

Опозицијата попладнево маршираше од таканаречениот Камп на слободата пред владата до Министерството за култура во знак на протест против проектот Скопје 2014. На маршот се придружија граѓани и активисти. Протестниот марш следи по вчерашното објавување нови нелегално снимени телефонски разговори, кои како што тврди опозицијата покажуваат дека лично премиерот Никола Груевски е креатор на проектот кој го измени ликот на центарот на Скопје.

По маршот, во кампот продолжи дебата со Илија Николовски од Партијата на пензионерите, универзитетскиот професор Станислав Пипан, Максим Димитриевски од СДСМ и Горан Мисоски од НСДП.