Поголема германска помош за бегалците од Украина

Претседателот на Украина Петро Порошенко и шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер.

Германија планира поголема помош за украинските бегалци кои ги напуштија своите домови поради конфликтот во источна Украина. Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер ова го изјави денеска за време на посетата на бегалски камп во градот Дњепропетровск. Германската новинска агенција ДПА објави дека до денеска Германија дала помош од 10 милиони евра за украинските бегалци. Околу два милиони луѓе се раселени од конфликтните подрачја во источна Украина. Околу 1,2 милиони се внатрешно раселени, а 800 илјади луѓе ја напуштиле земјата.