Грција отворена за компромис со кредиторите

Грчката Влада е убедена во постигнувањето договор со кредиторите во оваа недела и отворено да одложи делови од економските мерки за да може тоа да се случи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Никос Вуцис.

„Веруваме дека можеме и треба да имаме решение и договор во рамки на неделата, изјави за Скај телевизијата, министерот кој не учествува во преговорите.

„Делови од нашата економска програма може да се одложат до шест месеци или можеби година за да има извесен баланс“, додаде тој.