Бушати: Албанија и Грција може да ги решат проблемите само со дијалог

Aлбанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.

Албанија и Грција може да ги решат проблемите само преку преговори и дијалог, а не со декларации. Тоа го соопшти албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати кој додава дека комуникацијата со актуелната влада во Атина е намалена во споредба со претходниот кабинет.

Во врска со прашањето за морските граници, кои постојано ги заоструваат односите меѓу Албанија и Грција, Бупати вели дека „се отворени сите можности“.

Според него, решение на проблемот е да почнат преговори меѓу двете држави и основа за тоа е меѓународното право.

„Можам да кажам дека надворешната политика на Албанија е контруктивна и динамична, како и балансирана“, додаде Бушати одговарајќи на критики на Атина дека МНР на Албанија води „аматерска дипломатија“.